Излезноста на гласачките места до 9 часот, според податоците од страницата на Државната изборна комисија, е 3,62 проценти.
Гласањето започна во седум часот и сите избирачки места се отворени, процесот на гласање е во тек и во најголем дел се одвива непречено, истакна претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски на првата прес-конференција.
Посочи дека во одредени избирачки места кои се во помал број се појавиле одредени потешкотии со уредите.
-Дел од нив се веќе надминати, а дел тековно се отстрануваат со помош на техничките лица. Во некои избирачки места поради лоши отпечатоци не можат да се препознаат, но гласањето тече со оставање на отпечаток на хартиениот избирачки список во кој се запишани гласачите и се овозможува да гласаат понатаму, вели Даштевски кој посочи дека вакво известување добиле сите општински изборни комисии.