Актуелниот градоначалник на Гостивар Арбен Таравари во изјава за Телма соопшти дека по пребројаните гласови во 90 проценти од избирачките места победи уште во првиот круг, со освоени 53 отсто гласови.

Тој го обвини својот опонент Невзат Бејта и неговата партија ДУИ дека се обидуваат да манипулираат со записниците за да издејствуваат втор круг.