Холивудскиот актер Џони Деп утре доаѓа во Белград по повод промоцијата на неговата анимирана серија произведена во Србија „Пафини“, во продукција на „Архангел студио“ од актерот Милош Биковиќ, а создадена во „Јерволино студио“.
Познато е дека Џони Деп ќе помине еден ден во главниот град на Србија, за време на кој ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ, во Андричев венац.
По прес -конференцијата, следува турнеја низ студиото, а според локалните медиуми, актерот ќе биде сместен во претседателскиот апартман на познат хотел.
За ручек и вечера ќе се служат национални јадења од Србија, како и ракија и вино.
Инаку, Џони Деп минатата година во Монте Карло изјави дека ги „обожава“ Србија и Србите. Прв пат во Србија беше во 1992 година.