Светската здравствена организација денеска соопшти дека 80.000 до 180.000 здравствени работници во светот можеби умреа од Ковид-19 до мај годинава, инсистирајќи на тоа дека тие треба да бидат приоритетно вакцинирани.

„Новиот работен документ на СЗО проценува дека меѓу 80.000 и 180.000 здравствени работници и вработени во старечките домови можеби умреле од Ковид-19 меѓу јануари 2020 и мај 2021 година“, соопшти здравствената агенција на ОН.