Турција денеска ја нарече „неправедна“ одлуката на Светската организација за борба против перење пари (ФАТФ), да ја стави Анкара под надзор поради пропусти во борбата против перењето пари и финансирањето на тероризмот.
– Да се стави нашата земја на сивата листа е неправедно, се наведува во соопштението на турското Министерство за надворешни работи, во кое се истакнуваат напорите на Турција за борба против финансискиот криминал и терористичките организации.
Претходно, шефот на ФАТФ, Маркус Плејер изјави дека постојат „сè уште сериозни проблеми“ при контролата на финансиските операции во Турција, поради што организацијата ја вклучила Турција во својата сива листа на држави под засилен надзор поради стратешки недостатоци во нивните режими за борба против перење пари и финансирање тероризам