Димитар АПАСИЕВ
Лузерите Шилегов и Заев го токмеле и форсирале отворањето на Ист Гејт, да биде баш пред вториот изборен круг – за да прокнижат некое поенче, ко божемски, демек еве ние “инвестираме”.
И се тоа ќе си беше ОК, да не ја дознавме веста дека синот на скопскиот Крадоначалник во заминување, на свои 20-на години, поседува дури 350 квадрати екстра луксузен деловен објект, баш у тој нов мол!?
Случајно, нели? Додека вие немате да им дадете на вашите деца 100 денара за на голем одмор, нивните се милионери уште неиспилени!
Имајте го ова на ум во недела, кога ќе ги куткаме од власт овие корумпирани хоштаплери.