Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов го демантира претседателот на Левица, Димитар Апасиев и вели дека неговиот син нема сопственост на деловен простор во новоотворениот Ист Гејт.
-За разлика од противкандидатката, јас веднаш отворено и експлицитно демантирам. Лажните вести нема да ви пројдат на овие избори. Како што веќе покажа, „привезокот” дообработува за газдата.
Скопјани не се наивни луѓе. Џабе ги потценувате. Мојот син нема сопственост на деловен простор во новоотворениот East gate.
П.С. Вашата омраза кон се’ што живее, нема да ја победи мојата љубов кон Скопје и скопјани !!!!, напиша Шилегов на Фејсбук.