Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, Никола Мицевски пред малку го напушти парламентот во скафандер и појасни дека ќе се врати, но морал да излезе поради тоа што „така налагале протоколите“.

Мицевски не прецизираше во колку часот ќе се врати, а на прашање дали ќе обезбедат 61 пратеник за гласање недоверба на Владата, рече дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски веќе дал изјава за тоа.

Мицевски и пратеничката Ангелика Петкова од ВМРО –ДПМНЕ кои се позитивни на Ковид-19, пред почетокотна седницата, облечени во скафандери пристигнаа во Собранието, за да присуствуваат на денешната собраниска седница. (МИА)