Димитар АРСОВСКИ

Денеска ми стигна и барање за извинување за моја прес конференција ЛИЧНО од Зоран Заев, не од неговата партија или од Влада, туку лично од него преку негов полномошник-адвокат.
Очигледно Заев е малку нервозен што многу набрзо нема да има ниту една привилегија од тие што ги имаше изминативе години.

Имено во прес-конференцијата наведов дека има склоност кон криминал, претрпе еден од најголемите порази од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со над 100.000 разлика, дека ја опљачка државава, дека никој не одговараше за 14 изгорени луѓе во тетовската болница и дека функционира како шеф на нарко картел кој шверцува дрога со државни ресурси.
И да, стојам позади ова што го кажав и ниту една тужба нема да ги смени овие особини на Зоран Заев.

П.С. Немам намера да се извинам, единствен кој треба да се извини на граѓаните и Република Македонија во чие име говорам е Зоран Заев и неговата клика околу него.
Се гледаме на Суд, се надевам ќе има храброст барем малку, да дојде ЛИЧНО, бидејќи лично ќе ме тужи, да се соочиме пред Судот и граѓаните и да му ги покажам сите криминални активности што му се припишуваат нему како премиер на оваа Влада.

Во прилог прес-конференцијата што го “заболела” Зоран Заев, погледнете ја уште еднаш: https://www.youtube.com/watch?v=NQdOSiXwdjU