Се надевам дека сите Македонци на 30 септември ќе го искористат своето пеаво и ќе гласаат на референдумот. На дофат е историска шанса да се реши спорот за името и да се отвори европската перспектива на Македонија. Одлуката е во рацете на граѓаните, истакна на заедничката прес-конференција министерпт за надворешни работи на Германија, Хајко Мас со неговиот домаќин шефот на дипломатијата Никола Димитров.

Според него, решавањето на спорот за името е важен чекор во правец кон Европа.

– Македонија идната година може да почне преговори со ЕУ. Јас сум сигурен дека кај одговорните лица во Скопје ќе се отвори тој пат. Ние сме за европската перспектива на земјите од Западен Балкан. Тоа е важно за стабилноста на регионот и затоа тоа не е само ваш туку и наш европски интерес. Истовремено, пристапувањето во ЕУ подразбира и други критериуми – правна држава, борба со корупција и органзиран криминал, кажа Мас.

Димитров рече дека со посетата на Мас, на онаа на канцеларката Меркел на Денот на независнота и утрешната на германската министерка за одбрана, не може да има појасен сигнал за германската поддршка која се темели на една основна причини дека Берлин препознава решителност кај Република Македонија да си ги реши проблемите, да застане на нозе и тргне напред.

– Не само од себични или наши причини сум почестен со оваа посета на Мас. Живееме во Европа која е многу зафатена самата со себе Германија и министерот е пример, столб за сегашната Европа и каде сакаме да одиме, убава комбинација на европски вредности принципи, рече Димитров.