Македонската футсал репрезентација ремизираше 2:2 против Црна Гора на првиот контролен натпревар одигран синоќа во салата „Борис Трајковски“ во Скопје.
Гостите поведоа со 1:0, а до крајот на првото полувреме избраниците на селекторот Васил Скендеровски не реализираа пенал за израмнување.
Адријан Мицевски и Иван Крстевски донесоа пресврт во продолжението, а Црна Гора израмни на за конечните 2:2 во 32 минута.
Двете селекции вечерва од 17: 30 часот ќе се соочат на вториот контролен натпревар во „Борис Трајковски“.