За време на посетата на Бугарија, грчкиот премиер да го нагласи деблокирањето на пристапниот процес на Македонија, побара, преку Твитер, поранешниот шеф на грчката дипломатија, а сега надлежен за надворешна политика во опозициската СИРИЗА Јоргос Катругалос, јави дописничката на МИА од Атина.
-За време на посетата на Бугарија, господинот Мицотакис треба да го нагласи деблокирањето на пристапниот процес на С. Македонија, во рамките на потребата за стабилизирање на Западен Балкан, напиша пратеникот од СИРИЗА.
Грчкиот премиер претпладнево во Софија ќе се сретне со неговиот бугарски колега Кирил Петков и со претседателот на Бугарија Румен Радев.