Полицијата денеска извршила претрес кај З.Р. (55) од с. Каратманово, општина Лозово, каде се пронајдени над три илјади парчиња пиротехнички средства.

Како што соопшти МВР,  претресот е извршен по претходно добиени оперативни сознанија и обезбедена наредба за таа цел во врска со недозволена трговија со пиротехнички средства.

По целосно документирање на случајот, против З.Р. ќе биде поднесен соодветен поднесок.