Министерот за здравство во заминување, Венко Филипче на Фејсбук напиша дека е горд на сите здравствени работници кои неуморно се бореа против Ковид-19.
„Овие признанија се за вашето високо ниво на професионалност, сплотеност и колегијалност. Секој ден не ни беше борба само со корона, туку и организација на здравствениот систем, секојдневни контакти со колегите, консултации за пациенти, долги состаноци за координација, тешки одлуки и лични судбини кои секогаш допираат. Колеги, вие сте херои!
До претседателот на Владата, Зоран Заев упатувам благодарност на поддршката што ја даде на здравствениот систем и здравствените работници. Му благодарам што не кажа нѐ за барањето за која било инвестиција во здравството. Благодарен сум што успеавме со негова помош здравствените работници да ги направиме повторно горди и ценети во нашето општество“, напиша Филипче на Фејсбук.