Министерот за здравство во оставка, Венко Филипче на премиерот во оставка Зоран Заев, денеска му подари слика како знак за внимание и благодарност за поддршката што ја добивал здравствениот систем во времето кога Заев бил премиер.

Денеска во Националната опера и балет се одржа церемонија за доделување на благодарници за здравствените работници од Ковид-19 центрите. На церемонијата присустуваа Заев, Филипче, директори на клиниците, лекари, медицински и здравствени работници.

– Дозволете од името на сите присутни, а верувам и од името на сите здравствени работници да ви врачам еден подарок за долго сеќавање и да се заблагодарам на поддршката која ја дававте на здравствениот систем, на сите здравствени работници. Да се заблагодарам за тоа што не кажавте „не“ за потребата и барањето за која било инвестиција во здравството и да се заблагодарам за тоа што успеавме со ваша помош и тоа е исклучиво ваша заслуга здравствените работници од потценети и исмевани да ги направиме повторно горди и почитувани луѓе во нашето општество, рече Филипче врачувајќи му ја сликата на Заев.