Мицкоски денеска од Битола упати и порака што се однесува до состојбите во РЕК Битола. Тој истакна дека во низа наврати презентирале во јавноста сомневања во поглед на работата на РЕК, и дека сега овде пред РЕК Битола да биде јасен и концизен упати неколку пораки.
– Првата порака е до вработените во поранешно ЕЛЕМ, денешно ЕСМ дека идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема намера да го затвора РЕК Битола, туку напротив да вложува во негова модернизација и подобрување на еколошките перформанси кога станува збор за заштитата на животната средина и почистиот воздух. Така што нема да има партиски подобни или неподобни туку ќе има работници кои што си ја вршат работата и работници кои што не си ја вршат работата, да бидат сигурни и безбедни тие и нивните семејства дека идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ нема намера кон никого да се реваншира и никого да брка од комбинатот, туку планира профитабилно да го води исто така како што го остави во 2017-тата година со милијарда ипол денари депозити, со повеќе од 350 милиони денари на сметката, со нула долгови, комбинат кој што во тоа време произведуваше, а за жал сега се послабо произведува односно речиси ич. И втората работа е до раководството на РЕК Битола и поранешно ЕЛЕМ, денешно ЕСМ за ова што го правите ќе има одговорност. Следната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе бара одговорност за ова што го правите изминативе 4 години а посебно што сега си играте со човечки судбини, со човечки животи во пресрет на големите христијански празници Бадник и Божиќ, да луѓето, семејствата стрепат и се плашат дали ќе имаат достоинствена трпеза, или нема да имаат и тоа е резултат на лошото менаџирање односно основаните сомнежи кои постојат за криминалот што се случува во поранешно ЕЛЕМ, а денешно ЕСМ. Би сакал да бидам јасен и прецизен и ќе повторам идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема намера да го стави катанецот на РЕК Битола, напротив има намера да вложи во негова модернизација и подобрување на еколошките перформанси на самиот комбинат секое место, секоја човечка судбина, секој човечки живот за нас е многу важен и ние ќе се бориме за секое едно работно место, дециден е Мицкоски.