МВР ја демантира информацијата на руската агенција дека поранешниот претседател на Казахстан, Назарбаев, избегал со авион што долетал од Македонија, како што претходно објави РИА Новисти.
Од Агенцијата за цивилно возхухопловство потврдија дека вчера имало лет од Скопје до Бишек со 3 патници, кој дошол од Истанбул и заминал за Бишкек, но дека станува збор за одобрен бизнис лет на киргистанска делегација претходно уредно најавена, а допатувала со редовен лет на „Туркиш ерлајнс“. Меѓу време еден од делегатите морал итно да се врати дома, од Киргистан му обезбедиле приватен лет од Турција, додека останатите членови на делегацијата останале.
Претходно, руска агенција објави дека два приватни авиона, наводно на семејеството Назарбаев, едниот од Македонија, другиот од Обединети Арапски Емирати слетале на киргистанскиот аеродром и набрзо заминале од Киргистан.
Денеска и портпаролот на поранешниот претседател на Твитер напиша дека Назарбаев се наоѓа во главниот град Нурсултан и побара да не се шират дезинформациии, со поката до Казахстанците да го подржат претседателот Токаев за да се надмине кризата.