Нашите односи со … Македонија во моментов се на дното, изјави бугарскиот новинар Костадин Филипов во емисијата „Панорама“ на БНТ.
„Загрижен сум што премиерот Кирил Петков многу брзо покажува лојалност кон некои политички фигури во странство, според кои треба да ја оствари првата посета во странство во … Македонија“, рече Филипов и продолжи:
„А требаше да биде обратно – откако се обидовме да им оставиме добар впечаток, ако сакаат да им направиме некаков „аир“, не треба да одиме кај нив, туку првата работа на нивниот нов премиер треба да биде да дојде кај нас, да бакне рака, да речеме, на некој наш политичар и ако каже дека не може да направи некои работи што ги сакаме, да му кажеме да се врати во … Македонија, да се обиде да ги направи и потоа повторно дојде кај нас“.
Сигурен сум дека сегашното раководство на нашата држава не знае со какви луѓе си има работа, додаде Филипов.