Во Словенија во изминатите 24 часа се потврдени 3.349 нови инфекции со коронавирус – речиси секој втор е позитивен тест – а починале уште шест лица.
Со 7.416 тестови, откриени се 3.349 заразени лица, односно 45,2 отсто позитивни наоди, што е значително полошо од пред седум дена кога имало 2.529 новозаразени со 41,8 отсто позитивни тестови, потврди Националниот институт за јавно здравје.
Според експертите од Медицинскиот факултет во Љубљана, бројот на откриени инфекции се удвојува во една недела.