На ЕП во ракомет, Македонија штотуку загуби од Црна Гора со 28:24 и експедицијата веќе може да ги пакува коферите, бидејќи во третото коло играме со Данска од која не очекува сигурен пораз, но не би не спасило дури ни чудо – да ја победиме.

Нашата репрезентација почна очајно, подоцна ја поправи играта и реално можеше лесно да извојува победа, доколку во второто полувреме не промашувавме и од позиции од кои е потешко да не постигнеш гол отколку обратно.

На стартот на вториот дел имавме нерешен резултат од 17:17, но потоа полека почнавме да „губиме“ и до крај одигравме натпревар со многу грешки.

Најдобар стрелец кај Македонија беше Мартин Велковски со шест гола од седум обиди, пред Цветан Кузманоски со пет гола, додека Филип Кузмановски и Мартин Серафимов погодија по три пати. Кај Црногорците, Милош Вујовиќ и Божо Анѓелиќ имаа по шест реализации. Последниот натпревар на ЕП 2022, Македонија го игра на 17 јануари.