Христијан Мицкоски претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва во гостување во емисијата Анализа на телевизија 24 вели дека Никола Димитров нема кредибилитет да зборува за предавства, бидејќи како што рече тој заедно со Зоран Заев ги донел велепредавствата, но дека никој од Јавното обвинителство не реагирале да го повикаат да даде исказ бидејќи како што нагласи тој, изјавата на Димитров е предмет на кривична пријава.
-Конкретно имаше професор кој што беше дел од оваа мешовита комисија која што преговараше за историјата, но се повлече, рече видете овде се спрема предавство, односно имам политички притисок да прифатиме историски невистини и човекот доблесно се повлече. Неколку месеци потоа го слушаме Никола Димитров кој што вика видете тука се спремаше во два наврати предавство, јас морам тоа да го кажам, но колку е тоа морално и етички сега тоа е друго прашање, ние го знаеме карактерот на човекот и јас нема да навлегувам во неговиот психолошки профил. Но, зборувам за тежината на зборовите изговорени од се уште актуелен вицепремиер на влада чии што прв соработник треба да биде министерот за надворешни работи, додаде тој.
-Тоа е човекот кој што учествуваше и во тој Договор за добрососедство. Тој е човекот кој што учествуваше во Преспанскиот договор. И сега вие ми зборите тука за кредибилност. Нема тука дилема дека тој има кредибилитет да неговата совест барем на крајот од неговиот мандат јавно преговори дека ова е предавство за македонскиот народ или се подготвува уште поголемо предавство, истакна Мицкоски.
Искажаните зборови имаат своја тежина и тука никој од Обвинителството не го повика да даде исказ, бидејќи тој индиректно упати на велепредавство затоа што тоа е предмет на кривична пријава, дециден е Мицкоски.