Се препорачува одложување на почетокот на второто полугодие од учебната година до 1 февруари, како заклучок на вечерашниот состанок на Кризниот штаб, со предуслов да се упатат силни апели до родителите за строго придржување на мерките за заштита од ковид-19.

Решено е и Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство да известуваат почесто за епидемиолошката состојба, за да може да се прилагодат препораките доколку се јави потреба.

Заклучокот е предложен до Владата, која за него треба да дискутира на вечерашната седница.

Седницата ја водел премиерот Ковачевски, а на истата присуствувале и претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски и претседателката на ЗЕЛС Данела Арсовска.

Заклучокот е предложен до Владата и за него Владата ќе дискутира веќе на следната седница чиј почеток беше закажан за 21:30 часот.