Ппретседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, денеска изјави дека ќе ги повлече сите хрватските војници доколку ситуцаијата оклу Украина ескалира.

Милановиќ  потенцира дека НАТО-членката Хрватска нема да на ниту еден начин да се инволвира во било каква воена акција.

-НАТО ја зголемува безбедноста, ние не мораме ништо да направиме околу тоа, ниту, пак, ќе направиме нешто во иднина. Доколку дојде до ескалација, ќе го повлечеме и последниот хрватски војник. Тоа нема врска со Украина, туку со политиката на Бајден, во што гледам конзинстентност и опасно однесување. Ова се случува во предградието на главниот град на Русија, а постојат начини да се сочува Украина, барем во 99 отсто – истакна Милановиќ.

Хрватскиот претседател вели дека администрацијата во САД е под притисок да се однесува црвсто кон Русија.

-Кога си замина Трамп, кого демократите го напаѓаа дека се однесува како дадилка кон политиката на Путин, новата администрација е под постојан притисок од „јастребите“ во Републиканската партија, кон Русија да се однесуваат цврсто. Можам да го видам интересот на Русија, како и интересот на Украина. На Украина местото не ѝ е во НАТО. Тоа е една од најкорумпираните земји во светот. Потребен е мир, да ја смириме политичката тензија и затоа Хрватска нема да учествува во тоа – додаде Милановиќ.