Иако од бугарската опозиција го поздравија решението со нотата до ОН за краткото име, поранешната министерка за надворешни работи од опозициската ГЕРБ Екатерина Захариева му упати на Петков, при неговото реферирање во бугарското собрание за разговорите со Ковачевски, како што рече, „пријателски совет“ да не ги крева премногу очекувањата.
-Г-дине премиер намалете го малку ентузијазмот, ќе ја кренете рампата многу високо и потоа ќе треба да се објаснувате пред сите нас. Ова е еден апсолутно добронамерен совет, затоа што многу пати го видовме тоа. Знаете ли колку меморандуми потпишавме какви што вие потпишавте со нив? Над 20. И за коридор 8 овој сигурно е третиот, изјави Захариева.