Шефицата на британската дипломатија Лиз Трас денеска ќе ја посети Москва каде ќе се сретне со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и ќе разговараат за ситуацијата во Украина.
– Заминувам во Москва за да ја повикам Русија да бара дипломатско решение и јасно да стави до знаење дека уште една руска инвазија на суверена држава ќе има огромни последици за сите инволвирани страни, изјави Трас.
Според британската министерка, Русија има избор.
– Силно ги охрабруваме да се вклучат, да работат на смирување на тензиите и да го изберат патот на дипломатијата, истакна Трас.