Првото полуфинале на турнирот во Келн за шампионската европска титула во клупски ракомет, донесе изнанадување. Фаворитот ПСЖ во текот на целиот меч беше инфериорен, не успевајќи да ја разбие одличната одбрана на Нант, која го одведе тимот на Лазаров во првото европско шампионско финале во својата историја.
Иако резултатот не ја отсликува вистинската слика на натпреварот, ПСЖ успеа да се приближи до Нант во 55 минути на 29:28, по нерешените 6:6 во 12 минута. При тој резултат ПСЖ имаше и напад за израмнување, но Хансен не успеа да постигне гол. Во следниот напад (57:30 минута) Нант зголеми на два гола ралзика (30:28) со еден играч помалку. Во следниот напад, ПСЖ успеа да издејствува исклучување на уште еден играч на Нант, па екипата на Лазаров остана на терен со два играчи помалку и со пенал за ПСЖ кој, какво чудо, не беше реализиран.
Две минути до крајот, два разлика за Нант и двајца играчи помалку. И гол за Нант со два играчи помалку, на две минути пред крајот. Со три разлика, со уште една одбрана на Нант на минута ипол пред крајот – приказната за ПСЖ заврши. Му останува да го чека поразениот од Вардар-Монпеље.