Вардар не успеа втора година по ред да игра во финалето на шампионската ракометна лига во Европа. Во првото полувреме не одеше ни во одбраната ниту во нападот, во второто играта беше делумно поправена, но во неколку ситуации кога успеваше да го стигне Мотнепље на еден гол разлика, Вардар не успеа да изедначи што ќе имаше силен психолошки ефект во полза на нашите играчи. Некаде во 53 минута Монтпеље повторно успеа да постигне три голови предност и тоа се чини беше крај на надежите на нашиот шампион кој имаше шанса да биде единствениот тим кој два пати по ред играл во финалето. Дополнително, една не сосема правилна одлука на судиите во 53 доведе до исклучување на Циндриќ по што шансите беа сведени на минимум.

Во 58 минута Вардар повторно дојде на само еден гол разлика, Стоилов на 1:25 минути израмни на 27:27, а во нападот, Монтпеље наместо да добие пасивен напад, беше почестен од судиите. Ричардсон шутираше во стативата, но топката повторно ја имаше Монтпеље на 30 секунди пред крајот. На 18 секдунди пред крајот Монтпеље погоди и доби еден гол предност, Вардар за жал не успеа во својот напад по тајм аутот на Гозналес и тука заврши сонот за второ финале.

Како и да е, сите предвидуваа меч меѓу ПСЖ и Вардар и тоа се оствари, но мечот ќе биде не за првото туку за третото место. Веројатно двете екипи утре нема да го имаат истиот мотив како што би бил случај во финалето, но и трето место не за потценување.

Ова е крај на оваа генерација на Вардар, кому сега, како што е случај и со женскиот ракометен, му останува да се обиде да се врати на овие позиции, ако тоа воопшто биде можно во блиска иднина.