Д-р Александар Петличковски, претседател на Комисијата за заразни болести, по нејзиниот денешен состанок, истакна дека има зголемување на нови случаи на заболени со ковид-19 меѓу децата од шест до 14 години, главно меѓу оние кои ја следат наставата со физичко присуство, но нема простор за загриженост.
– Апелираме буквално да се следат протоколите за настава со физичко присуство, а учениците и родителите да го прифаќаат тестирањето – подвлече Петличковски, соопштувајќи дека се отвораат дополнителни три пунктови за тестирање во Скопје – во Ѓорче Петров, Идадија и Бит Пазар.
Последната недела биле регистрирани 320 заболени деца на визраст меѓу 6 и 14 години, а претходната недела имало 200 заболени, објасни Петличковски. Тоа претставува зголемување од околу 60 %.
На овие пунктови тестирањата ќе може да се закажуваат од матичен лекар.
Кумулативниот леталитет од ковид-19, од почетокот на болеста до денес, е три отсто, соопшти денеска претседателот на Петличковски. Како што рече, одговорајќи на новинарски прашања, во јануари починале 382 лица од кои 233 невакцинирани и околу 150 вакцинирани, но повеќето само со втора доза примена пред повеќе од шест месеци.
-Според бројките од 1 до 31 јануари, од 382 починати 233 се невакцинирани, а околу 150 и нешто се вакцинирани, но најголем дел од вакцинираните се вакцинирани пред повеќе од шест месеци и немаат примено трета доза. Околу 30-тина, пак, биле вакцинирани во рок помал од шест месеци – информира Петличковски.