ЛЕ: Победи на фаворитите, Лајпциг и Сосиедад одиграа нерешено

/ 17.02.2022

Динамо загуби во Севиља од домашниот клуб со 3:1.

Македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Ристовски асистираше на единствениот погодок на Динамо Загреб во првото полувреме од првиот натпревар од 1/16-финалето во Лигата на Европа против Севилја.

Динамо Загреб токму по милиметарската асистенција на Ристовски во 41. минута преку Оршиќ успеа да израмни на 1-1.

Во остантите вечерни натпревари од ЛЕ, Аталанта со пресврт го победи Олимпијакос со 2:1, Порто го победи Лацио со ист резултат, а Лајпциг одигра 2:2 со Сосиедад.


Од истата категорија