Денеска во првиот натпревар од плеј-оф фазата за пласман во осминафиналето на Лига Европа екипите на Барселона и Наполи ремизираа 1:1 на стадионот „Камп Ноу“. Гостите поведоа, со гол во кој придонесе Елмас, а Барселона израмни преку пенал.

Молдавскиот Шериф ја прегази Брага со 2:0, а Бобан Николов одигра 89 минута. Стрелци на головите беа Тили од пенал во 43 минута и Траоре во 83 минута на дуелот во Тираспол.

Најголемото изненадување го приреди Глазгов Ренџерс кој на гостувањето во Дортмунд ја декласираше Борусија со 1:4, а шпански Бетис го победи Зенит со 3:2.