Рускиот претседател Владимир Путин по почетокот на инвазијата на Украина, свика состанок на своите олигарси – најмоќните бизнисмени во Русија.

Руската телевизија објави снимка од средбата. На средбата присуствуваат шефот на Сбербанк Херман Греф, шефот на лоби групата на олигарси Александар Шокин, шефот на Гаспром Александар Ѓуков …

„Ова што се случува е неопходно. Украина можеше да создаде такви безбедносни ризици за нас што не беше јасно како Русија може да продолжи да постои и не беше можно да се одговори со други средства. Тие не ни оставија шанса да постапиме поинаку“, им рекол Путин на собраните олигарси.

„Нашата влада треба да им даде поголема слобода на претприемачите, но не може да предвиди геополитички ризици“, рече Путин, додавајќи дека средбата со бизнисмените „се одвива во нестандардни услови“.