Од почетокот на руската инвазија на Украина, која започна утринава, во Украина се убиени 57 лица, а 159 се ранети.
Во тие бројки се вклучени војници и цивили, изјави денеска украинскиот министер за здравство Виктор Љашко.
Тој додаде дека и болниците и здравствените работници биле погодени од рускиот напад. Жртви има и меѓу здравствените работници, изјави украинскиот министер.
Агенцијата за бегалци на ОН објави дека 100.000 луѓе се евакуирале од Украина. Тие бегаат од насилство и бараат безбедност, се вели во денешното соопштение на агенцијата.