САД се подготвени да му помогнат на украинскиот претседател Володимир Зеленски да го напушти Киев за да избегне да биде заробен или убиен по напредувањето на руските сили, објави Вашингтон пост, цитирајќи американски и украински официјални лица.
Сепак, Зеленски одбил да го напушти градот или државата.
Во извештајот се вели дека САД се загрижени за одржување континуитет на владата во Украина и се загрижени дека доколку тој биде заробен, тој може да биде принуден на отстапки.
Зеленски денеска објави видео во кое укажува дека се уште е во Киев и предупреди дека Русија сака да го ликвидира.