Мисијата на Обединетите нации во Авганистан го истражува загинувањето на 21 цивил при напади во текот на викендот, за кои се смета дека се извршени од американски борбени авиони, вклучени во акциите за поддршка на операциите на авганистанската армија против талибанците.
Истрага за нападите почнаа и авганистанската армија, како и американските сили.
– Ги анализираме сите оперативни, разузнавачки податоци за нашите операции во Вардак, вклучително и податоците добиени од нашите авганистански партнери. Бунтовниците честопати користат вакви обвинувања за да предизвикаат раскол меѓу армијата и населението, изјави потпаролот на американските сили во Авганистан, Грент Нили.
Во едниот инцидент, во областа Вардак, загинаа 10 деца на возраст од шест до 15 години, како и две жени – сите членови на едно семејство. Во неделата, пак, во воздушен напад во областа Каписа беа убиени четири деца и три жени, како и девет талибански бунтовници.