Стотици украински бегалци пристигнаа во Кале во последните денови во обид да преминат во Британија, но беа одбиени од британските власти кои ги препраќаат во конзулатите во Париз и Брисел, пренесува скопски Вечер.
Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин ги повика Британците да сторат повеќе за да им помогнат на украинските бегалци заглавени во француското пристаниште Кале, откако британските власти им рекоа на многумина да аплицираат за визи во Париз и Брисел, пренесува Ројтерс.
Британија и Франција претходно се судрија околу прашањето на мигрантите од Африка и Блискиот Исток.
Миграцијата е чувствително прашање во Велика Британија која по напуштањето на Европската Унија ги засили гранични контроли.
Обединетите нации во неделата објавија дека 1,5 милиони луѓе веќе ја напуштиле Украина.