Македонски граѓани да се приклучат на Меѓународната легија, Новоформирана украинска воена формација за територијална одбрана на државата, повика украинската амбасада во Македонија.

На социјалната мрежа има две мејл адреси и телефонски број како контакт за граѓаните на Македонија.

Од македонската Влада нема информации дали наши државјани учествуваат во војната во Украина. Оттаму посочуваат дека Кривичниот законик предвидел казни доколку некој учествува во странска војска.

„Укажуваме на Кривичниот законик, каде јасно е дефинирано дека учество во странска војска или обучување од страна на странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации, организирани групи, надвор од територијата на … Македонија, е казниво со затвор од најмалку четири години.“ – велат од Владата на Македонија.