Намалување на посмртнината за 5 000 денари на нозе ги крена штипските пензионери. Бараат Сојузот на здруженија на пензионери уште еднаш да ја преиспита одлуката што стапи во сила на први февруари , во спротивно излегуваат на протести. Плнираат да формират штрајкувачки обор кој ќе ја преземе целокупната работа на Сојузот. Намалување на посрмтнината, а зголемување на членарината за 30денари, без да бидат консултирани здруженијата во внатрешноста, за пензионерите е апсурд..
„Некој работи на своја глава и заеднички ќе страдаме сите. Отпремнината беше 30.000, а сега 25.000, бројка што на некој начин дури е и за потсмев. Денес по некоја слободна проценка, само еден сандак е околу 20.000 денари, да не зборуваме за другите работи – изјави за ТВ АЛФА, Миланчо Маневски од Здружение на инвалидски пензионери-Штип.
Од Сојузот на здруженија на пензионери ја потврдуваат одлуката, а ја објаснуваат со зголемениот број на смртни случаи меѓу пензионерите во 2021 година, кога се движел околу 1800 лица месечно.
И моменталното покачување на пензиите, нема да го решат социјалниот статус на пензионерите, реагираат од штипското Здружение.
– Начинот за зголемување на пензиите е голем проблем, иако сите велиме дека овој проблем е решен. Јас се прашувам, што ќе земаме како покачување ако стопанството стагнира? Што ќе земеме после Нова година?-прашува Маневски
Во Штип околу 7000 пензионери едвај преживуваат и се на работ на егзистенција. Според Маневски за да се подобри финансиска состојба не треба да се крати од нив, туку да се донесат законски решенија за забрана за апанажа, како и намалување на платите и премиите што ги добиват пратениците.