По 12 дена чекање на украинско-полската граница возачите на валандовска фирма добиле дозвола да излезат од Украина, но како пешаци и без камиони, објави ТВ Сител.

Според сопственикот на фирмата камионите биле запленети без образложение и без никаков документ. Украинските погранични власти доцна синоќа само им соопштиле на возачите дека имаат пет минути да ги спакуваат личните работи и да ја напуштат државата, но без камионите и стоката натоварена во нив.

Освен двата македонски, биле одземени и неколку руски и белоруски камиони кои во изминатите две недели исто така беа заглавени на украинската граница. Сопственикот на валандовската фирмата сега бара помош од институциите за да може да си ги врати возилата кои чинат над 200 илјади евра.

Двата камиона беа товарени со јаболко кое патуваше за Русија, а во Украина влегле пред за започне конфликтот. Откако почнаа воените дејствија возачите добиле налог да ја сменат насоката и да се вратат назад, но проблемот се јавил кога дошле на украинско-полската граница каде што чекаа се до синoќа.

Видеото може да го отворите ТУКА.

Извор: ТВ Сител