Саудиска Арабија размислува да продава нафта во јуани.

Во Кина нафтата би ја продавале во јуани, а не во долари, јави Волстрит џурнал повикувајќи се на извори запознаени со „активните преговори“ меѓу Ријад и Пекинг. Овој потег би ја ослабел важноста на „петродоларот“, валутата која го контролира глобалниот финансиски систем повеќе од половина век, доведувајќи го американскиот долар како меѓународна резервна валута при ризик.

Кина и Саудиска Арабија веќе шест години преговараат за продажба на нафтата во јуани. Сега Саудијците се незадоволни од политиката на американската влада.

Кина купува околу четвртина од нафтата која ја извезува Саудиска Арабија, што значи дека префрлањето на оваа размена во јуани значително би го кренал профилот на кинеската валута. Сега 80 отсто од глобалната продажба на нафта се врши во долари, а Саудијците тргуваат само во долари уште од 1974 година кога Вашингтон му понуди на Ријад безбедносни гаранции во замена за лојалноста на петродоларскиот систем.