Кој од власта дозволил фирма со фалсификуванa лиценца да издава лажни сертификати за безбедност лифтови на државни институции?- прашува ВМРО-ДПМНЕ:

Во продолжение целото соопштение од опозициската партија:

Над 90 тендери добила фирма за лифтови, која имала сертификати за безбедност кои биле фалсификат.

Фирма од Скопје издавала лажни сертификати за исполнување на ИСО стандарди на фирма за лифтови, која добила над 90 тендери на државни институции во период од 2017 до 2021 година.

Како властите дозволиле оваа фирма за лажно сертифицирање да работи 4 години и да издава сертификати?

За што уште издавала сертификати оваа фирма и кој се е оштетен?

Дали се пуштани цели процеси на производство во функција со лажни сертификати?

Како институциите каде биле прикажувани сертификатите не ги провериле истите? И зошто ниту една институција не го пријавила случајот?

Дали зад целиот случај стои врвот на власта и дали тоа е причината што 4 години се издавале лажни сертификати за безбедност на лифтови во државни институции?

Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ