Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков вели дека многу луѓе во Русија се покажаа како предавници.

Вели дека ова се однесува на оние што поднесуваат оставки или ќе ја напуштат земјата.

Претходно, рускиот претседател Владимир Путин упати строго предупредување до, како што кажа, националните предавници, за кои рече дека Западот сака да ги искористи како „петта колона“ за да ја уништи Русија.

„Во тешки времиња, многу луѓе го покажуваат своето вистинско лице. Многу луѓе, како што велиме на руски, покажаа дека се предавници“, додаде Песков за новинарите.
Имаше новинари кои дадоа откази или избегаа од земјата. Тие не се согласуваат со поетгот на Путин да војува во Украина. На 24 февруари, Русија ја почна инвазијата на Украина.