Странските инвестиции се важни за економскиот развој на земјата, а германските инвестиции, како и европските се клучни. Ние сме членка на НАТО, нашата позиција е и членство во ЕУ, за инвеститорите да знаат дека имаат сигурност и предвидлив деловен амбиент, впрочем тоа е нашата предност и во однос на некои од земјите од регионот.
Ова го изјави премиерот Димитар Ковачевски во своето обраќање на работната средба организирана од Делегацијата на германското стопанство во Македонија и Македонско-Германското стопанско здружение на тема „Очекувањата на приватниот сектор од новата Влада во време на корона и енергетска криза“. Премиерот истакна дека минатата година реализиравме 79 отсто од капиталните инвестиции и со истото темпо се продолжува и оваа година.
-Пандемијата ги покажа слабостите и видовме дека Европа се соочи со големи предизвици кога ланците на снабдување се во далечни земји. Во Европа може да се произведуваат многу работи, а тоа значи и заштеда на трошоците. С. Македонија тоа ќе го искористи и затоа правиме амбиент за нови инвестиции, додаде премиерот.
Тој напомена дека Владата во партнерство со сите релевантни чинители, за да се спречи ценовниот шок предизвикан од светската енергетска криза, брзо и навремено, донесе пакет од 26 мерки во вредност од 400 милиони евра за да се амортизираат притисоците врз стандардот на граѓаните и да се обезбеди ликвидност на компаниите.
-Продолжува трендот на раст на просечната нето плата, на минималната плата која е зголемена на 18.000 денари, регистрирани се трендови на намалување на невработеноста. Стопанството е од особена важност за реализацијата на капиталните инвестиции, која е одлична дури и во време на криза, вели премиерот.
Ковачевски додаде дека економската соработка со сојузна Република Германија е на исклучително високо ниво и како што посочи, традиционлано оваа земја е прв трговски партнер на нашата држава, со голем број директни инвестиции.
-Неодамна Делагацијата на германското стопанство во С. Македонија информираше за позитивните трендови и рекорндо зголемување на трговската размена меѓу двете земји за минатата година во вредност од 4,7 милијарди евра, што значи зголемување од 23,6 проценти во споредба со 2020 година. Извозот од С. Македонија кон Германија во 2021 се зголемил за 24,8 проценти во споредба со 2020 година, додека увоз од Германија во С. Македонија се искачи од 1 милијарда евра на 1,2 милирјади евра, што претставува раст од 20,6 проценти, рече премиерот.
На економски план, како што подвлече, Владата има три приоритети – справување со последиците од светската енергетска криза и воена криза со нападот на Русија врз Украина, економскиот развој и реализација на капитални инвестиции.
-Владата во партнерство со сите релевантни чинители за да се спречи ценовниот шок предизвикан од светската клриза донесе брзо и навремено пакет од 26 мерки во вредност од 400 милиони евра за да се амортизираат притисоците врз стандардот на граѓаните и да се обезбеди ликвидност на компаниите, додаде премиерот.
Амбасадорката на Германија во земјава Анке Холштајн истакна дека посочи дека Германија е далеку најзначајниот економски партнер на земјава, и оти економијата во Европа, во Германија и во Македонија е силно погодена од влијанијата на војната во Украина, бидејќи ланците на испорака се прекинати, а цените на суровините и енергијата и многу производи излегуваат од контрола.
-Стотици илјади бегалци пристигнаа во Германија и во соседните земји на Украина за да им се помогне кое е нешто што се подразбира само по себе. Одеднаш пандемијата одвај и да игра некаква улога. Но затоа пак зелената промена повеќе од кога и да е бидејќи среднорочно само таа не ослободува од фаталната зависност од руските гас и нафта што особено ја засега Германија, рече Холштајн.
За секојдневните грижи на германските фирми, Амбасадата, Стопанското здружение и неговите членки посочи дека наидуваат на слух кај Владата и различните институции, а оваа доверлива клима е важно обележје за квалитет за локацијата Северна Македонија.
-Заедно ќе продолжиме да ја негуваме за успешно да работат тие што веќе се овде, како и за понатамошно рекламирање на С. Македонија како дестинација за инвестиции. Во најмала рака исто толку важно и транспарентно, предвидливо административно подобро. Онаа фирма што може да се откаже од Украина или Русија бара нови дестинации за инвестиции тука доаѓаат. С. Македонија токму со дополнителниот безбедносен бонус како што е членка на НАТО, нешто што С. Македонија не би била без Преспанскиот договор. На тоа како и на другиот дел очекувањето поврзано со Преспанскиот договор е да се тргне на патот кон ЕУ. Работите многу интензивно со вашиот бугарски колега. Новата динамика го одредува вистинскиот правец. На патот на приклучувањето на вашата земја кон ЕУ може безусловно да се потпрете на германската поддршка како што ве увери канцеларот Шолц на вашата средба минатата недела во Брисел. Политиката на проширување повеќе од кога и да е и безбедносна политика, порача амбасадорката Холштајн.
Според анкета на Прокредит банка, во која се опфатени поголеми компании од различни индустрии во земјава кои се извозно ориентирани и чија трговска размена е главно со Германија и ЕУ, а се со најголем капацитет и потенцијал за натамошен развој и за нови вработувања, преку 50 отсто сметаат дека 2022 ќе биде потешка година од минатата година на ниво на економија на земјава. Но, воедно, 57 проценти од компаниите сметаат и дека оваа година индивидуално за нивниот развој ќе биде подобра од 2021 година, а 30 отсто очекуваат да биде на исто ниво со ланската. Зголемен оптимизам има и во однос на бројот на вработени, па 46 проценти од компаниите планираат нови вработувања, 46 отсто ќе останат со иста бројка на вработени и само 8 проценти очекуваат намалување на бројот на вработени.
Во однос на притисокот од зголемените трошоци со воведувањето на поголела минимална плата и зголемената просечна плата, сто отсто или сите компании очекуваат зголемен трошок и тој проценуваат дека ќе се движи главно од 10-20 отсто по вработен, а кај мал дел и над 20 отсто. Сите компании исто така очекуваат повеќе од значително зголемување на трошоците за електрична енергија, а најголем дел планираат соодветни мерки за контрола меѓу кои и укинување на трета смена, 30 отсто во иневстиции во енергетски ефикасна опрема, а најголем процент 34 отсто во инвестции во фотоволтаици за сопстевна потреба.
Оптимистичко е што 63 отсто од компаниите планираат инвестиции годинава. Од компаниите 83 отсто се изјаниле и дека имаат или очекуваат последици од војната во Украина во најголем дел (48%) преку зголемени цени на репроматреијали и енергенски, како и можна намалена потрошувачка.
Домашните компании, од Владата во земјава очекуваат економска политика која ќе им даде дополнителна поддршка за справување со кризата, а тоа се субвенции или даночни олеснувања во однос на тропшоци за енергија, посебен пакет мерки за нето извозници и дополнителни субенции за планирани капитални инвестиции.
-Еден од најголемите проблеми кои го гледаат во општеството и институциите е правниот систем и недостаток на силна борба против корупција и недостаток на работна сила, односно несоодветно струковно образование, посочува анкетата на Прокредит банка.