Советникот за еврoпски интеграции во Владата на Косово, Мехди Сејдиу изјави дека се очекува до крајот на оваа година Косово да аплицира за зачленување во Европската унија, нешто што пред неколку месеци го најави премерот Албин Курти, јави дописникот на МИА од Приштина.

Напоменувајќи дека, по најавата на Курти во декември минатата година, три други земји – Украина, Грузија и Молдавија – веќе аплицираа за членство во ЕУ, Сејдиу нагласи дека „Балканот е поблиску до Брисел од тие држави“.

– Се надеваме дека кон крајот на годинава ќе можеме да аплицираме за во ЕУ… Ние ќе ја доставиме нашата апликација, а потоа е должност на Советот на Европа истата да ја стави на дневен ред. И членките на ЕУ кои не го признаваат Косово го потпишале Договорот за стабилизација и асоцијација и кажале дека Косово има европска перспектива. Тие пет земји не значи дека не треба да бидат конструктивни во однос на нашата држава, изјави Сејдиу.

Од 25-те држави членки на ЕУ, косовската независност се уште не ја признале Шпанија, Романија, Словачка, Грција и Кипар.