Наместо на работа, околу 13.000 административци денеска на протест пред институциите каде што работат. Платите ниту им се зголемуваат, ниту пак им е исплатена новата сума на минималецот, истакнаа од синдикатот на УПОЗ кој е организатор на денешниот протест.
„Шалтерите празни, вработените надвор пред институциите во знак на протест. Денеска имаа двочасовен прекин на работните задачи, односно од 10 до 12 часот не ги услужуваа граѓаните, во дел од институциите како државната управа, општините, правосудните органи, министерствата, во знак на револт.“
Бараат сите вработени да ја земаат минималната плата која им следува со закон, но и да се усогласат и останатите плати со минималецот.
Веќе 10 години нема покачување на платите на државните службеници во Агенцијата за катастар на недвижности, а вработените земаат плати под просекот, се пожали и претседателот на синдикатот на катастар.
Премиерот Димитар Ковачовски, пак согласен дека со растот на минималецот, треба да пораснат и другите плати, но не наеднаш, бидејќи можело да се предизвика инфлација.
Од УПОЗ велат дека дел од вработените денеска се соочиле со притисоци, но тоа не ги спречило да протестираат внатре во институциите. Административците и утре продолжуваат со двочасовен протест, односно од 10 до 12 часот ќе ги паузираат работните задачи и ќе протестираат пред институциите каде што работат. Доколку надлежните останат глуви на нивните барања, дополнително ќе одлучуваат какви мерки да преземат