Денес со две минимални плати може да се покрие една синдикална потрошувачка кошничка за разлика од порано кога беа потребни 4,25 минимални плати, истакнува владејачкиот СДСМ и во денешното соопштение.

Едно е состојбата погледната со „розови очила“ од партиските седишта, а сосема поинаква е реалноста на протестите и штрајковите што вчера почнаа во Македонија, ќе продолжат и денеска, како и идната недела. Во продолжение целото соопштение од СДСМ, идентично со соопштенијата кои од нивното седиште се објавуваат секојдневно:

Со пакетот антикризни мерки вреден над 400 милиони евра Владата предводена од СДСМ даде силна финансиска поддршка и помош на граѓаните во услови на најголема економска и енергетска криза со која се соочува, светот, Европа и нашата земја.

Го укинавме ДДВ за основната грана, се ограничија маржите, се намали ДДВ за нафтените деривати и уште многу други мерки со кои месечно се намалуваат сметките на граѓаните за околу 4.000 денари.

Дополнително за да се намали ударот врз животниот стандард, Владата веќе интервенираше со зголемување на минималната плата и обезбедување директна помош за пензионерите и социјално најзагрозените семејства.

Денес со две минимални плати може да се покрие една синдикална потрошувачка кошничка за разлика од порано кога беа потребни 4.25 минимални плати.

Тоа е одговорност.

Од друга страна што прави ВМРО-ДПМНЕ? Седи на страна, неоснованао критикува а нејзините градоначалници аздисуваат со парите на граѓаните и трошат милиони евра само за партиски вработувања.

Има голема разлика. Затоа ВМРО-ДПМНЕ кога ќе сака следниот пат неосновано да обвинува нека побара прво од своите градоначалници да пренаменет милиони евра за граѓаните.

Центар за односи со јавноста на СДСМ