Никола ГРУЕВСКИ

Во две и пол минути на вистината, кажано многу од Јордан (Орце) Камчев. За тие што ги интересира вистината.

Како говореше Орце Камчев пред да одлучи да стане инструмент во рацете на обвинителството, односно власта, а со цел да се спогоди за поширок круг предмети и истраги против него.

Јордан Камчев:
-“…ама јас ја кажувам вистината, кога ти и јас сме збореле за плацови?…Никогаш!
И кога нешто сме збореле јас и ти за оваа работа? Никогаш во живот! Епа сега што да ти кажам Никола, за што збориме, ако треба да лажам да идам да зборам дека си ми кажал нешто. Јас им кажав, нема никаков проблем, несреќа е за нас што нема детектор за лаги да ве ставиме сите тука…”
-“…кој товар? Нема ништо…

…Кој го спомнал Груевски? А пази стварно никој те нема спомнато во изјавите ги читав пак денес…освен Ристе што тропа глупости, никој друг нема.

Сите ја кажуваат вистината…јас им викам вие прво лутате бе…изјавата на Тинекс е за плацевите мои што се купени во 2001 година, на таа улица над Гуштеров јас ги имам купено во 2001 година тие плацеви преку Пеце.

За кои плацови зборите вие? На Водно има 100 плаца викам…неможе да збориме ние за пошто Тинекс и Мартин кажуваат за плацовите над Гуштеров што живее, десно вамо у малото… нема врска, сосема различни изјави се сите. Алек збори за Сашо за бизнис релации ама и тој не те чепка тебе, рекла казала, ништо конкретно, овој збори така (Ристо Новачевски), ама веројатно дека е притиснат…

-“…Груевски џабе го спомнувате во оваа работа…”

Така говореше Орце пред да оди во притвор, и пред да дојде рочиштето на самиот крај кога сфати дека во Македонија кога станува збор за “политичките случаи” односно конструирани случаи со политички мотиви, не одлучуваат судиите за правдата и кој е виновен а кој не, туку власта преку обвинителството и свои емисари, па одлучи да се спасува прифаќајки во меѓусебен договор да им потврди се што сакаат да чујат.

Тоа е Македонија денес, за жал.

Линкк до одвоените две ипол минути од разговорот Груевски-Камчев ОВДЕ