Уште шестмина руски дипломати се протерани од Македонија. На рускиот амбасадор во земјава Бездникин во Министерството за надворешни работи денеска беше повикан му беше врачена дипломатска нота, со која дипломатите од руската амбасада во Скопје се посочени како непожелни во државата или персона нон грата.

Од МНР велат дека одлуката е донесена врз основа на информациите добиени од надлежните органи дека посочените извршувале активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи и ќе треба да ја напуштат територијата на Македонија во наредните пет дена.

Од руската амбасада соопштија дека ваквиот потег на македонското министерство ке има сериозно влијание врз односите на двете земји.

Посебно сакаме да нагласиме дека обвинувањата се целосно неосновани се вели во сооптението на амсадата.

Руските дипломати никогаш не се мешаа во внатрешните работи на … Македонија и не извршуваа дејствија што ја прекршуваат Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година.

Убедени сме дека таквата практика е спротивна на стремеж на народите на нашите земји за конструктивна соработка, нема перспектива и води кон конечно деградирање на билатералните односи.

Од амбасадата потенцираат дека Русија ќе преземе мерки, не нужно симетрични, но чувствителни, како одговор на овој чекор на македонската страна.

Пред еден месец и Софија протера десет руски дипломати. Бугарскиот премиер Петков тогаш коментираше дека во Бугарија е раширена цела мрежа руски агети кои работат против градење добри односи со Македонија како и против европската перспектива на Западениот Балкан.

Ова не е прво протерување на дипломати на Русија од Македонија. . Во март за персона нон грата се прогласени пет руски дипломати, а мината година тројца.

Во овие два лански случаи Русија реагираше со реципрочни мерки, односно со протерување на македонски дипломати од Москва, поради што амбасадата остана речиси празна.