Бојан Јовановски одговорно тврди дека ниту зел ниту преброил пари кои наводно му ги дал Орце Камчев. Тој објасни дека клучниот ден, како и многупати досега, бил во домот на Камчев заедно со Кичеец, но дека пари ниту видел ниту зел, пренесува Курир.мк сегмент од денешното рочиште по тужбата на Камчев против Јовановски и Катица Јанева со која бара да му бидат исплатени 1,5 милиони евра.
-Претходно Кичеец дојде кај мене дома и ми побара пари кои наводно треба да му ги позајми на Камчев. Парите беа во “Космо” кеса. На средбата кај Камчев не се случуваше ништо невообичаено и во еден момент Камчев и Кичеец се тргнаа во друга просторија. На излегување Кичеец носеше Луј Витон торба, а што имало внатре не знам бидејќи не прашав, а и многупати пред тоа Камчев му даваше слични работи на Кичеец. Тужителот мене ме доведе до заблуда и ме злоупотреби. Затоа Камчев парите треба да ги бара кај оние што му ветувале нешто и кај обвинителката Русковска, истакна тој.