Бојан Јовановски на денешното рочиште по повод тужбата што Орце Камчев ја поднесе против него и Катица Јанева барајќи да му платат 1,5 милиони евра, проговори за релациите што ги имал со Камчев и тогашниот премиер Зоран Заев и минитерот за здравство Венко Филипче. На средбите во домот на Боки тема била болницата “8 Септември”.
-Камчев сакаше да ја земе „8 Септември” со јавно-приватно партнерство. Беа кај мене дома со Филипче. Венко му нудеше да земе болници во други градови, но Орце ја сакаше „8 Септември”. На една од средбите телефонски беше вклучен и Заев, откри детали Јовановски, пренесе Пресинг.