Банкротот на Русија може да предизвика хиперинфлација и банкрот на Европа, изјави заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев по повод тврдењето на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен дека „банкротот на Русија е само прашање на време“.

– Банкротот на Русија може да предизвика банкрот на Европа, морален и материјален, напиша Медведев на Телеграм, додавајќи дека финансискиот систем на ЕУ не е толку стабилен и оти граѓаните ја губат довербата.

Медведев смета и дека властите на ЕУ треба да очекуваат „голема благодарност од Европејците за хиперинфлацијата за која не може да се обвинува Русија, за недостигот на основни прехранбени производи во продавниците и приливот на бегалци што ќе предизвика бран на насилен криминал“.